Околу 230 лица починаа од половината на април поради топлотниот бран што ги погоди двете држави на југоистокот на Индија, откако температурите надминаа 48 степени Целзиусови, соопштија денеска локалните власти.
Над сто лица починаа во Андра Прадеш минатата недела, изјави претседателот на Владата на државата Чандрабабу Наиду.
Според високиот државен службеник Бамбал Рам Мена, во соседната држава Телангана од 15 април починале околу 130 лица, дневната температура во областа на Телангана, Камам, надминала 48 степени Целзиусови, а 16 лица починале во округот во изминатите три дена.
Метеролозите предвидуваат дека високите температури ќе се задржат уште најмалку седум дена.
Тие проценуваат дека ситуацијата ќе се подобри со приближувањето на монсунските дождови, кои обично стигнуваат на југоисточниот брег во првата недела на јуни.