Во Индија протест на маратхите за подобри услови за живот

Од:

Стотици илјадници припадници на етничката група на маратхите денеска протестираа во Мумбај. Тие бараат квоти врз кастински принцип во државната администрација и пристап до високото образование.

Во јужниот дел на Мумбај маратхите формираа петкилометарски „молчелив протест“, поради кој беше отежнат сообраќајот, а околу 400 училишта беа затворени.

Учесниците само вееја жолти знамиња, но не скандираа поради што митингот беше наречен „молчалив протест“.

Организаторот на протестот „маратха кранти морча“ (Маратхски револуционерен фронт) истакна дека меѓу барањата биле и повисоки откупни цени на земјоделските производи и простување на земјоделските заеми.

Маратхите, кои се една третина од 116-милионското население на индиската држава Махараштра, главно се занимаваат со земјоделство и се сметаат дека се обесправени во економските односи.

Според полцијата, на протестот имало над 300.000 луѓе, додека според локалните медиуми – 900.000.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати