Во Индија пронајдено девојче кое живеело со мајмуни

Од:

Полицијата во резерватот Катарниагат во Индија пронајде девојче, кое извесен период живеело со мајмуни.

Жителите на регионот Мотипур во јануари ја известиле полицијата дека во шумата виделе девојче со група мајмни. Полицијата долг период се обидуваше да го фати девојчето, но тоа им бегаше.

– Кога полицаецот го повика девојчето, мајмуните го напаѓаа. Сепак тој успеа да ја спаси. Тој го зеде девојчето и трчаше до возилото, а мајмуните трчаа по нив, изјави полицацот Динеш Трипати.

Девојчето е хоспитализирано во Бараих и се уште се лекува. Таа не зборува и не разбира ниту еден јазик.

– Поминала многу време со животните и логично е да се однесува како нив, изјави лекарот Д. К. Синг.

Се претпоставува дека девојчето е на возраст од осум до 12 години. Лекарите работат на нејзина социјализација, но иако почна да оди на две нозе и да јаде со раце, се уште е склона на напади на бес и аграсија.

Полицијата трага по родителите на девојчето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати