Во Индија пронајдени скелети на припадници на древна цивилизација

Од:

Скелети на двајца мажи, жена и дете, припадници на древната цивилизација Хaрапан, стара 4.000 години, се пронајдени во северниот дел на индиската сојузна држава Харајана, јави Би-Би-Си.

Научниците се надеваат дека последното откритие ќе фрли ново светло на цивилизацијата Харапан. Археолози и експерти од Индија и Јужна Кореја работат на ископување на гробницата кај селото Рахигар во Харајаана уште од 2013 година.

Археологот Ранвир Синг изјави дека научниците од Јужна Кореа со опремата и напредната технологија ќе се обидат да ја реконструираат ДНК-та на скелетите.

Друг археолог кој работи на ова откритие, Нилс Јада за весникот „Хиндустан Тајмс“ изјави дека се пронајдени и некои предмети од керамика исполнети со житарки, како и една нараквица, што, според него, укажува дека тогашните жиртели верувале во реинкарнација.

Би можело да ве интересира

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

Соборен рекорд: Измерени 52 степени

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар