Во Индија осуден гуру на вкупно 20 години затвор поради силување

Од:

Контроверзниот гуру Гурмит Рам Рахим Синг е осуден денеска во Индија на вкупно 20 години затвор поради силување на две свои следбенички.

Првично неговиот адвокат Утсав Синг Баинс изјави дека Рам Рахим е осуден на десет годишна затворска казна.

Но подоцна Индиското централно истражно биро потврди дека тој добил две последователни казни од по 10 години затвор.

– Рам Рахим е осуден на 10 плус 10 години, што е вкупно 20 години затвор, истакна портпаролот на бирото, Абхишек Дајал.

Непосредно пред изрекувањето на пресудата, во индискиот град Рохтак е воведен полициски час, а владините сили добиле дозвола да употребат оружје во случај да избие насилство. Биле зајакнати безбедносните мерки и околу затворите, а железничкиот и автобускиот сообраќај се прекинати, со цел да се спречи пристигнување и собирање на приврзаниците на гуруто.

Полициски час е воведен и во градот Сирса, каде се наоѓа седиштето на сектата на Рам Рахми, која тврди дека има околу 50 милиони следбеници.

Откако пред два дена Рам Рахим беше осуден за силување, избија судири за време на протестот на илјадници негови следбеници, во кои најмалку 38 луѓе загинаа, а стотици беа повредени.

Случајот за силување е откриен во 2002 година кога на тогашниот индиски премиер Атал Бихари Вајпаје му пристигнало анонимно писмо, во кое бил обвинет гуруто дека повеќе пати ја силувал жената која го напишала писмото, но и уште неколку други жени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати