Бројот на индиски граѓани кои биле позитивни на коронавирусот се искачи на 7,12 милиони, стои во извештајот на индиското Министерство за здравство.
Извештајот покажува дека во Индија во последните 24 часа биле заразени уште 66.732 лица.
Според Министерството, бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 е зголемен за 816 на 109.150.
Околу милион нови случаи на инфекција се пријавени во Индија во последните седум дена.
Индија во моментов е втора земја по загрозеност од вирусот, кога станува збор за бројот на заразени со Ковид-19, веднаш по САД, каде што бројот на заразени се приближи до осум милиони.