Во Индија извршен успешен тест на ракета со среден дострел

Од:

Индиската Агенција за одбранбени истражувања која е дел од Министерството за одбрана за првпат успешно тестираше денеска ракета со среден дострел Нирбхај од класата земја-земја.

Ракетата беше испукана од полигонот Чандипур во источната држава Ориса на максимална далечина – 1.000 километри. Проектот Нирбхај се разработува од 2007 година.

Ракетата ќе биде дел од вооружувањето на ВВС, ВМС и копнените сили на индиската армија. Може да носи различни типови глави вклучително и со нуклеарно полнење. Првиот тест беше во март 2013 година и беше прекинат откако ракетата скршна од зададениот курс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати