Во Херсон пронајдени најмалку 60 тела со знаци на тортура

Од:

Најмалку 63 тела се пронајдени со знаци на тортура во неодамна ослободениот град Херсон, изјави министерот за внатрешни работи на Украина.

„63 тела се откриени во регионот Херсон, но мораме да разбереме дека потрагата штотуку започна, ќе бидат откриени уште многу зандани и гробници“, рече министерот Денис Монастирски, пренесе новинската агенција Интерфакс Украина.

Тој додаде дека во таа област биле откриени 436 случаи на воени злосторства и 11 места каде што луѓето биле затворени, вклучително и каде руските окупатори мачеле луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива