Во Грозни над 800 илјади лица на митингот за одбрана на исламските вредности

Од:

Повеќе од 800 илјади лица присуствуваа денеска на митингот во центарот на Грозни за одбрана на исламските вредност, а кон него се приклучија и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека на „митингот против навредувањето на чувствувата на муслиманските верници во центарот на Грозни присуствуваа повеќе од 800 илјади лица и оти полицијата во целост ги одржала јавниот ред и мир за време на демонстрациите“.

На митингот наречен „Љубов кон пророкот Мухамед“ се очекуваше да се соберат милиони луѓе, откако вчера на социјалните мрежи се огласи чеченскиот лидер и ги повика луѓето да дојдат на протестите.

Учесниците носеа плакати, на кои беше испишано „не на карикатурите на пророкот Мухамед“ и „исламот е религија на добрите и креативните“.

Тие извикуваа и пофални зборови за пророкот за време на маршот, кој почна од Плоштадот Минутка до централната џамија „Срцето на Чеченија“, каде е одржана заедничка молитва во 12:30 часот по московско време.

Би можело да ве интересира

Мистеријата на најблискиот соработник на Кадиров: Украинците тврдат дека Саидов е убиен, Русите го објавија неговото видео

А1он

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Авганистанскиот врховен лидер нареди целосно спроведување на исламскиот закон

А1он

Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров: Распоредивме сили во Украина, бараме соборување на владата

Ана Ололовска