Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека од почетокот на израелските воени операции во Појасот Газа се убиени 29.313 лица.
Да потсетиме, овие операции започнаа како одмазда за нападите на палестинските екстремисти на 7 октомври. Во изминатите 24 часа загинаа 118 лица.
Од почетокот на војната, според Министерството за здравство на Хамас, ранети се 69.333 лица.