Во Газа: Четири деца починаа од неухранетост, уште седум во критична состојба

Од:

Четири деца починаа од дехидрација и неухранетост во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа, додека уште седум малолетници се во критична состојба, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

Хуманитарната организација „Проекат Хоуп“, која раководи со примарната здравствена клиника во централниот град Деир ел-Балах, тврди дека 11 отсто од децата на возраст под пет години се исто така неухранети.

Оваа хуманитарна група објави дека 21 отсто од трудниците што ги лекувала во последните три недели страдаат и од неухранетост.

Претставници на ОН велат дека израелската окупација оставила четвртина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа на работ на глад.

„Проект Хоуп“ тврди дека „луѓето пријавуваат дека не јадат ништо друго освен бел леб, бидејќи овошјето, зеленчукот и другата храна богата со хранливи материи се речиси невозможно да се најдат или се премногу скапи“.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас