Во Франција засилени беазбедносните мерки поради СП во Бразил

Од:

Француските власти одлучија да ги засилат безбедносните сили во Париз и во поголемите француски градови за да се спречат еврентуалните инциденти по денешните осминафинални натпревари од Светското првенство во Бразил, јави дописникот на МИА од Париз.

Во моментот кога во Франција по долги години повторно се разбудува фудбалската треска, одговорните за безбедноста стравуваат од можните инциденти на навивачите на Алжир. Имено по квалификацијата на Алжир во Франција 74 лица беа упасени поради вмешаност во инциденти со силите на редот.

Ултградесничарскиот Национален Фронт се обиде да ја пренесе топката и на политичката сцена, барајќи да се одземе можноста за двојни државјанаства, истакнувајќи оти Алжирците кои славеа со алжирски знамиња во рацете не ја сакаат Франција.

Франција вечерва ќе ги одмери силите со Нигерија, а потоа Алжир со Германија. Ако Франција и Алжир се квалификуваат тие ќе треба да се сретнат во четвртфиналето. Франција и Аклжир никогаш не одиграле фудбалски натпревар.

Во пресрет на денешните средби градоначалникот на Ница Кристијан Естрози забрани користење на странски знамиња во центарот на градот до крајот на Мундијалот во Бразил. Оваа одлука доаѓа по инцидентите во најголемите француски градови по пласманот на Алжир во осминафиналето на шампионатот. Со забраната за користење знамиња на други земји, се очекува да се избегнат евентуални понатамошни нарушувања на јавниот ред и мир. 

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски