Во Франција почна судењето на екстремистите поради обид за атентат на Макрон

Од:

Во Париз денеска почна судењето на членовите на екстремно десничарската група, кои се обвинети за заговор за убиство на францускиот претседател Емануел Макрон и обид за државен удар.

Обвинителите тврдат дека членовите на групата наречена „Ле Баржол“ (Les Barjoles) планирале да го нападнат претседателот со нож за време на официјалната посета на североисточна Франција во ноември 2018 година.

Детективите, кои прислушувале телефонски разговори за време на четиригодишната истрага, тврдат дека имало и планови за убивање мигранти и напади врз џамии, како и докази за антисемитизам, но ниту еден од наводните заговори не бил реализиран.

Адвокатите на одбраната тврдат дека заканите на групата биле само разговори и дека нема конкретна или непосредна закана по Макрон.

Отсуството на какви било кривични дела ги наведе обвинителите да ги намалат обвиненијата против 12-те осомничени мажи и жени, на возраст меѓу 26 и 66 години, на заговор за извршување терористички чин.

Обвинетите ако бидат осудени можат да бидат казнети со десет години затвор.

Националистичка и антиимигрантска група „Ле Баржол“ е формирана на Фејсбук на почетокот на 2017 година.

Апсењата уследија по дојавата до француските безбедносни служби дека екстремно десничарски активист со седиште во регионот на Алпите планирал напад врз Макрон во ноември 2018 година за време на комеморациите за Денот на примирјето во Првата светска војна во Верден, североисточна Франција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор