Според најновата анкета на францускиот Национален институт за статистика и економски студии, околу 200.000 Французи изјавиле дека живеат во заедница со лица од ист пол како нивниот, една десетона од нив живееле и со дете, јави дописникот на МИА од Париз.
На почетокот на 2011 година 32 милиони Французи изјавиле дека живеат во заеднца со друго лице, од кои 72 проценти од нив имале склучено брак и живееле во ист дом со сопружникот од различна полова припадност. Околу 200.000 лица изјавиле дека живеат во заедница со партнер од ист пол, што значи дека во Франција има 100.000 истополови двојки.
Лицата кои живеат во истополова брачна заедница во просек се помлади од другите двојки. Така, половината од нив се помлади од 40 години, додека кај хетеросексуалците половината се на возраст од 48 години. Мнозинството од лицата што живеат во хомосексуални заедници се со високо образовани и три четвртини од нив се жители на големите градски центри, наспроти 56 проценти од хетеросексуалните двојки.
Околу една десетина од лицата во хомосексуалните заедници живееле со дете, на нивниот партнер или заедничко, наспроти 53 проценти од хетеросексуалните двојки. Од десет хомосексуални двојки, дури осум се женски.
Интересно е дека по 35-годишна возраст, мнозинството од лицата кои живеат во заедница со лице од ист пол, односно 55% проценти, имаат склучено еден вид граѓански договор за заедничкото живеење.