Во Европа секој ден има повеќе од 300 пријави за кршење на заштитата на податоците

Од:

За широкиот спектар кршење на строгите европски закони за заштита на податоците изречени се парични казни од вкупно 272,5 милиони евра, покажува новиот извештај на глобалната адвокатска фирма ДЛА Пајпер.

Како што се наведува, води италијанскиот регулатор, кој изрекол казни од вкупно 69,3 милиони евра од 25 мај 2018 година, кога почна примената на Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР).

На второ место е Германија со парични казни во висина од 69,1 милиони евра, а на трето е Франција со 54,4 милиони.

Од мај 2018 година вкупно се регистрирани повеќе од 281.000 пријави до регулаторот поради нарушувања на заштитата на податоците, најмногу во Германија (77.747), потоа во Холандија (66.527) и Велика Британија (30.536).

Франција и Италија, земји со повеќе од 60 милиони жители, регистрираа само 5.389 и 3.460 пријави до регулаторот поради кршење на заштитата на податоците, што укажува на културолошки разлики по тоа прашање на континентот.

На дневно ниво, во 2020 година во Европа е регистрирано двоцифрено зголемување на бројот на повици кон регулаторот – на 331 пријава дневно од 28 јануари до крајот на 2020 година, во споредба со 278 на ден претходната година.

На 28 јануари се одбележува Меѓународниот ден за заштита на личните податоци.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани