Во Европа се шират услови слични на Апартхејд

Од:

Кон ЕУ се упатуваат обвинувања дека воведува услови слични на Апартхејд во однос на европските Роми, со етничко профилирање и ограничување на слободата на движењето, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Европскиот форум за Ромите, кој соработува со Европскиот совет, истапува со жестоки рекации против третманот на Ромите во услови кога ЕУ сака да го намали бројот на Роми баратели на азил во разни земји-членки на ЕУ.

Според претседателот на споменатиот Форум, Рудко Кавзински, Ромите се третираат повеќе како објект, отколку како луѓе, при што низ Европа почнува да се шират околности кои потсетуваат на Апартхејд.

Заканите од страна на ЕУ за повторно воведување на визи за балканските земји, доколку не успеат да го спречат бранот на азиланти, од кои многумина се Роми, меѓу другото се проследени со ефекти на кои предупредуваа разни организации за човекови права – ограничување на слободата на движење на Ромите.

Горан Милетиќ, програмски директор на организацијата за граѓански права на бранителите за Западен Балкан, за Шведското радио вели дека веќе се забележува дека Роми се изложени на посебен третман.

Меѓу другото, станува збор за зачестени сослушувања на Роми на граничните премини, а во што Милетиќ, како што вели, и самиот можел да се увери при неговото неодамнешно патување за Шведска.

ЕУ во повеќе наврати досега изрази незадоволство поради маркантниот пораст на Роми баратели на азил од балканските земји. Таквите незадоволства нарочно дојдоа до израз преку изјавите на шведскиот министер за миграции Тобиас Билстром.

– Србија по секоја цена сака да го избегне повторното воведување визи. Затоа контролите на Роми кои ја напуштаат земјата ќе бидат уште повеќе засилени, вели Драгољуб Ацковиќ, одговорен за малцински права во српската Влада.

Поради проддлабочувањето на економската криза во Европа ситуацијата на Ромите се повеќе се става настрана.

– Со развојот на кризата се засилува и нетрпеливоста кон странците, а тоа се забележува во Европскиот парламент, каде што нови партии го отежнуваат водењето на аргументирана дебата околу Ромите, смета Ана Хед, шведска социјалдемократска пратеничка во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он