Во Европа 33 жртви поради студениот бран

Од:

Во Полска поради студениот бран вчера починаа уште 10 лица поради што бројот на жртви изнесува 33 во Европа.

Во Полска во некои области измерени се минус 20 степени, а вчера беше најсмртоносен ден оваа зима.

Од почетокот на викендот во студениот бран што ја зафати Европа починаа најмалку 33 луѓе. пред се мигранти и бездомници.

Снежна бура ја зафати и Турција, а Истанбул е блокиран поради снегот од 65 сантиметри. Голем број училишта се затворени, како и Босфор, поради слабата видливост. Откажани се над сто летови од истанбулскиот аеродром.

Во снежната бура што ги зафати САД од Мисисипи до Мејн настрадаа четири лица.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски