Во ЕУ поднесени речиси 100.000 поплаки за заштита на личните податоци

Од:

Околу 95.000 лица поднеле поплаки, откако во сила стапи новата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци, позната како ГДПР.

Од тие поплаки, за сега три завршиле со финансиски санкции, а највисоката е 50 милиони евра против „Гугл“ во Франција, затоа што компанијата не ги информирала доволно добро корисниците за употребата на нивните лични податоци.

Ова се првите конкретни резултати од регулативата ГДПР која стапи во сила во мај 2018 во ЕУ и која се смета за најефикасната законска рамка за заштита на личните податоци на корисниците на интернет во светот.

– Горди сме што воведовме најстриктни и најмодерни правила за заштита на податоци и кои наскоро ќе станат универзална норма, изјави Франс Тимерманс, потпретседател на Европската Комисија.

Тој заедно со еврокомесарките Марија Габриел и Вера Јоурова истакнаа дека во прашање не се само корисниците, туку и заштитата на демократијата во Европа.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер