Во експлозија на гасовод во Индија најмалку 16 загинати

Од:

Во огромна експлозија на државниот гасовод во јужната индиска покраина Андра Прадеш утрово загинаа најмалку 16 лица и изгореа голем број куќи, изјави покраинскиот министер Н. Чина Раџапа.

– Најмалку 16 луѓе загина, а досега ги пронајдовме телата на 13 жртви, рече тој.

Големиот пожар што изби по експлозијата на гасоводот во сопственост на компанијата „Гаил“ траел околу три часа, а сега е под контрола, рече индиски претставник.

По пожарот се евакуирани соседните села, а потоа разбеснетите селани упаднале во зградата на рафинеријата во локалната област, фрлале со камења и ги уништиле просториите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати