Висок офицер и командант на Револуционерната гарада на Иран, Фадохосеин Малеки е повреден откако неговото возило налета на противтенковска мина, објавија иранските медиуми.
Инцидентот се сличи во иранската провинција Систан Белуџистан во близина на границата со Пакистан.
Малеки за нападот ја обвини сунитската сепаратистичка група Џеиш ал Ади (Армија на правдата), поврзана со Ал Каеда.
Иранските власти тврдат дека сепаратистите од Џеиш ал Ади извршиле повеќе терористички напади во последните години во Иран, а оти членовите на групата за нападите се подготвуваат во Пакистан.