Во експлозија на автомобил загинаа двајца претставници на локалната влада во Украина

Од:

Портпаролка на служба во регионалната влада во четвртиот по големина украински град Днипро и нејзин придружник денеска загинаа во експлозија на автомобил, јави ДПА.

Државната служба за вонредни состојби во регионот Днепропетровск денеска соопшти дека една од жртвите е нејзината 35-годишна прес-секретарка Дарија Хречишчева.

Според медиумите, втората жртва е експерт за деактивирање нагазни мини.

Причината за експлозијата првично е нејасна, иако украинската разузнавачка агенција, СБУ, и полицијата отворија истраги за тероризам, додава германската агенција.

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск