Во експлозија на автомобил-бомба во Багдад загинаа најмалку 23 лица

Од:

Ирачките власти соопштија дека автомобил бомба во Багдад убил најмалку 23 лица, а уште 45 се повредени.

Извори од полицијата и од болниците соопштуваат дека нападот се случил во трговскиот дел од Багдат.

Засега никој не превзема одговорност за овој напад, но се претпоставува дека е дело на Исламска Држава, група која што и претходно има организирано слични напади во Багдад.

Ирачките сили се борат со екстремистите во Мосул, вториот најголем град во државата, уште од октомври. Ирак го прогласи источниот дел од Мосул за целосно слободен во јануари годинава, а во моментов се борат за погусто населениот западен дел од градот.

Милитантите претрпеа серија од порази во изминативе две години, но продолжуваат редовно да организираат напади во и околу Багдад.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак