Египетскиот суд денеска донесе одлука Ал Џезира да престане со емитување на програма во Египет.
Иста наредба е дадена за уште три телевизиски станици што објавувале извештаи за протестите на Муслиманско братсво.
Како причина за судската одлука е наведено дека тие медиуми немаат дозвала за работа во Египет.
Според западани медиуми одлуката е очекувана бидејќи владини официјални претставици наведоа дека Ал Џезира претставува национална закана бидејќи работи без дозвола и го обвинија медиумот за ширење гласини.