Млада Египќанка денеска почина од птичји грип откако претходно била во контакт со заразени птици, соопштија британските медиуми, цитирајќи го портпаролот на Министерството за здравство во Каиро.
Египетските здравствени власти прецизираат дека видот на вирусот е H5N1 и дека само во последнета недела ова е вториот смртен случај во Египет од овој вирус.
Во последната година во Египет беа регистрирани седум заболени лица од овој вирус, вклучувајќи ги и двата смртни случаи, соопшти порпаролот.
Денешната жртва е 19-годишна жена. Таа починала во болница во јужната египетска провинција Асјут.