Египетска група за заштита на граѓански права соопшти дека полицијата привела 13 луѓе меѓу кои и петмина адвокати под обвинение за навредување полицајци во Александрија.
Според опозицијата постои засилена контрола против противници на Владата. При денешното апсење, што ретко се случува во полициска станица, подигнати се обвиненија за навредуавње полицајци и незаконски протести.
Според група активисти, адвокатите биле во полициска станица за да ослободат активисти – нивни клиенти, за кои било соопштено дека се уапсени од партија блиска на Муслимански браќа и предадени на полицијата.