Вo Египет се води истрага за убиства и тероризам против 250 поддржувачи на Мухамед Морси

Од:

Египетските обвинители распитуваат 250 поддржувачи на соборениот претседател Мухамед Морси под обвиненија за убиство и тероризам, соопштија државните медиуми.

Тие се уапсени во петокот на централниот каирски плоштад „Рамзес“ и во реонот на блиската полициска станица, која се обиделе да ја запалат.

Тие од обвинителите се товарат и за палења на згради во реонот.

Истрагата следи откако вчера силите за безбедност ја евакуираа џамијата Фат на плоштадот „Рамзес“, каде од петокот се криеја приврзениците на Морси по судиритеи меѓу полицијата и противниците на „Муслиманско братство“.

Седум од евакуираните лица се уапсени, меѓу кои има Турчин, Суданец и двајца Арапи, изјави за ДПА претставник на силите за безбедност. Приведен е и високо позиционираниот член на „Муслиманско братство“, Саад Емара.

Друг извор од силите за безбедност за ДПА изјави дека во источно Каиро се уапсени тврдокорсниот духовник и цврст поддржувач на Морси, Сафат Хегази, и шестмина членови на движењето „Муслиманско братство“.

Министерството за внатрешни работи на Египет, меѓутоа, ниту ги потврди, ниту ги демантира апсењата.

Според изворот на ДПА, против Хегази има обвиненија за поттикнување на убиство и насилство.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет