Советникот за национална безбедност на египетскиот претседател Мохамед Морси изјави дека во државата во моментот се случува воен преврат и се очекуваат насилства од армијата и полицијата против приврзаници на претседателот.
– Ниту еден воен преврат не може да успее пред толкуголем број сили без значителни крвопролевања, изјави Есам ел Хадад, советник на Морси.
Според него, Морси го поминал денот во нормална работа во една од канцелариите во база на армиската гарда во предградио на Каиро.
Советникот за комуникации на Морси, Јасер Хадара изјави дека не е јасно дали претседателот е слободен да ја напушти воената база и да се врати во претседателската палата.