Во Египет протести на повеќе илјади приврзаници на Морси

Од:

Повеќе илјади приврзаници на соборениот египетски претседател Мохамед Морси протестираа денеска во Каиро, извикувајќи слогани против војската, додека во други делови на земјата се забележани судири на демонстрантите и полицијата.

„Или ќе ги вратиме нивните права, или ќе умреме како нив“, извикуваа демонстрантите, мислејќи на приврзаниците на Морси кои се убиени за време на судирите во август кои избувнаа откако безбедносните сили отстранија два протестни кампови во Каиро.

Демонстрантите, кои излегоа на улиците по молитвата, носеа фотографии на загинатите во минатомесечните судири.

Приврзаниците на Морси протестираа и во други делови на Египет, а државните медиуми јавија дека полицијата употребила солзавец против демонстрантите во градовите Танта и Махала.

Повеќе стотици лица демонстрираа и во Александрија.

Времениот претседател на Египет Адли Мансур вчера донесе одлука со која вонредната состојба во земјата, воведена на 14 август, се продолжува за два месеци од безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро