Дваесет и тројца продемократски активисти денеска беа осудени во Каиро на по три години затвор заради учество во неодобрени протести, соопшти ДПА.
Тие беа обвинети за учество во бунтови, незаконско поседување оружје и оштетување туѓа сопственост за време на демонстрациите во текот на јули, во близина на претседателската палата во Каиро.
Судот, освен тоа, на секој од осудените му одреди и парична казна од по 10.000 египетски фунти (1.400 долари).