Новинарот од катарската телевизија Ал Џазира, Абдулах ал Шами, кој речиси пет месеци штрајкуваше со глад, бидејќи е притворен во Египет без покренување судска постапка, беше ослободен.
Кога Ал Шами видно исцрпен излезе од полициската станица во предградието на Каиро, го пречекале неговта мајка, сопругата и братот.
-Победив, изјави Ал Шами по ослободувањето пред новинарите.
Египетскиот државен обвинител нареди во понеделникот ослободување на Ал Шами од притвор поради здравствени причини.
Ал Шами е уапсен на 14 август минатата година, кога полицијата ги разби протестните кампови во Каиро, кои ги подигнаа приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси.
Два дена по апсењето обвинителството го овини Ал Шами за членување во забранета група, но против него никогаш не е покренато обвинение.