Во џамија во Виена, имамот и вработените организирале оргии и плаќале ескорт дами со парите од верниците

Од:

Истражителите во Австрија открија не само оргии во рамките на една од муслиманските верски заедници во Виена, туку и злоупотреба на доброволни донации собрани од верниците, пишува „Хојте“.

Истражителите откриле дека имамите и персоналот на оваа верска заедница, наместо да ги користат донациите на верниците за религиозни цели, дел од средствата ги користеле за да ангажираат ескорт дами со кои организирале и финансирале оргии. Истрагата открила дека парите биле собирани од муслиманските верници во петок и на празници. Дополнителни пари доаѓале од продажба на верски книги и погребување на верниците, како и од разни донации.

Сите овие ставки биле скриени во сметководствените книги под маската на трошоци за плаќање кирија, плаќање плата на имамот и дозволи за престој. Кога инспекторите дошле да го проверат финансиското работење, за да откријат што се крие зад одредени ставки, биле забележани обиди да се поткупат со разни патувања и други забавни настани, само за да не се открие злоупотребата.

По откривањето на скандалот, две лица биле веднаш отпуштени. Еден од нив бил верски советник и водач на организацијата 63 ATIB во Австрија, наводно поврзана со поранешен член на владејачката партија АКП во Турција. Во одлуката за разрешување на членовите пишува дека ова се случило поради неодговорност и некомпетентност.

Надлежните австриски власти започнаа истрага за начинот на финансирање на џамијата и официјално побараа од неа да ги коментира наодите на истражителите, преку две агенции за интеграција и културни односи.

Би можело да ве интересира

Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Горан Наумовски

Трагедија во Виена: Хрват уби Србин поради политика

Маж e избоден до смрт во Виена, уапсени се Хрват и Србинка

Еден убиен и еден тешко ранет во ресторан во Виена – напаѓачите се во бегство

А1он

АФП: ​​Единаесет апсења во Србија поради свински глави пред џамии во Франција

Трагедија во Виена: Србин ја уби сопругата, ја повреди ќерката, а потоа изврши самоубиство

Горан Наумовски