Во документ на ЕУ се бара економски санкции за израелските населби на Западниот Брег

Од:

Во извештај на конзулите на Европската унија во палестинските територии се препорачува ЕУ да воведе економски санкции за израелските населби на Западниот Брег, објави денеска изралескиот весник „Арец“.

Весникот наведува дека има копија од извештајот, кој нема правни последици. Една од препораките во документот е да се укинат финансиските трансакции, меѓу кои и странските инвестиции од ЕУ за поддршка на економијата, инфраструктурата и услугите во населбите.

Во седум од десет препораки се бара да се воведат директни или индиректни санкции за физички или правни лица кои учествувале во изградбата на доселеничките населби.

Дипломатите за израелските медиуми изјавиле дека јазикот во извештајот можеби изгледа многу категоричен и оти звучи како повик да не се инвестира во населбите, но не значи реална промена на политиката на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина