Во Дарфур денеска убиени над 50 лица

Од:

Припадниците на една арапска милиција, користејќи автоматско оружје, денеска убија повеќе од 50 лица во суданската област Дарфур, соопштија медиумите, повикувајќи се на локалното население.

– Тие запалија 30 куќи и убија 53 лица, рече еден од жителите на Ел Сиреаф. Друг жител го потврди билансот, пренесува Танјуг.

Двајцата сведоци изјавија дека напаѓачите и припаѓаат на милицијата на племето Резеигат, која се бори против ривалската арапска група Бени Хусеин од почетокот на јануари оваа година во областа на рудникот за злато „Џебел Амир“, во суданската сојузна држава Северен Дарфур.

– Се наоѓаме на гробиштата каде ги закопуваме убиените, рече еден од сведоците, додавајќи дека меѓу убиените има и две жени и две деца.

Би можело да ве интересира

При напад на милициите во Западен Дарфур убиени 48 луѓе

Ландов

Најмалку 15 загинати во пад на авион „Антонов“ во Западен Дарфур