Во Данска уапсен Иранец кој се закани дека ќе се разнесе

Од:

Данската полиција уапси денеска маж кој се заканувал дека ќе се разнесе во центарот за азил на данскиот остров Фунен.

По преговорите со полицијата е уапсен 22-годишен Иранец, се наведува во данскиот портал Fyens.dk. јави РТ.

Иранецот бил на покривот на центарот за азил и се заканувал дека ќе се разнесе па поради тоа центарот бил евакуиран.

Станува збор за центар во Ниборг, во централна Данска кој има капацитет за околу 500 луѓе.

Во Данска во 2015 година се поднесени 21.000 молби за азил, што ја прави една од главните европски дестинации за бегалци по глава на жител, после Финска, Австрија, Германија и Шведска, наведува Раша Тудеј. 

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари