Чилеанската полиција конфискувала пратка со 822 килограми кокаин, сокриен во камион со дрвена граѓа, што на граничниот премин пристигнал од Боливија, соопштија вчера локалните медиуми, пренесува ТАСС.
Дрогата била распоредена во пакети од по 130-150 грама, завиткани во алуминиумски фолии и премачкани со смола, за да се залажат полициските кучиња.
Полицијата претпоставува дека дрогата е во вредност од околу 32 милиони евра и дека била наменета за пазарот во Франција.