Најмалку 22 лица загинаа, a над 75 се ранети во четири бомбашки напади на повеќе локации северно од Багдад, соопштија денеска полициски и локални официјални претставници.
Во два града северно од Ирак утрово речиси истовремено експлодирале три автомобил- бомби, при што загинале 15 лица, додека повеќе од 50 се повредени.
Еден од нападите е извршен во шиитскиот град Џадидату ал Шат, во провинцијата Дијала, кој се наоѓа во близина на градот Бакуба, кој се смета за еден од најнебезбедните места.
Уште еден автомобил-бомба експлодирал попладнето на еден пазар за риба во предградие на Багдад, а во овој инцидент загинале седум луѓе, додека 25 се повредени.
Засега никој не презеде одговорност за нападите, но некои официјални претставници обвинија дека тие се дело на сунитските исламисти.