Белгискиот премиер Чарлс Мишел за денеска свика состанок на земјите на Европската унија во Брисел, кои се „најдиректно засегнати“ од излегувањето на Велика Британија без договор.
Според портпарол на премиерот, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел се меѓу поканетите на „средбата за координирање“, планирана пред вонредната средба на ЕУ, посветена на Брегзит.
Бројот на учесници се уште се прецизира.