Во бранот насилства во Ирак, во текот на вчерашниот ден загинаа 92 лица, вклучувајќи и двајца бомбаши-самоубијци.
Најсмртоносниот напад се случи на погреб во североисточен Багдад, во шиитскиот кварт Садр сити, каде загинаа 72 лица, а повредени се повеќе од 120. Бомбаш-самоубиец дошол до шаторот каде биле ужалените лица и го активирал експлозивот.
Два часа подоцна, во експлозија на автомобил-бомба загинаа девет лица во квартот Ур, а повредени се 14.
Претходно, бунтовниците изведоа самоубиствен напад на штабот на полицијата во градот Беиџи, при што убиени се седуммина полицајци и 21 се повредени.