Во бомбашкиот напад врз Хутите убиени најмалку 28 лица

Од:

Во напад со автомобил-бомба, чија цел биле двајца лидери на бунтовниците Хути синоќа во Сана загинаа најмалку 28 лица, кои се собрале на помен на жртва на сличен напад, извршен претходно овој месец, соопштија јеменските власти.

Цел на бомбашите биле лидерите на бунтовниците, браќата Фајсал и Хамид Џајачи, кои биле на помен поради смртта на член на семејството, изјави претставник на силите за безбедност.

Групацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот и наведе дека тој е извршен врз „шиитско гнездо како одмазда за муслиманите, кои се борат против отпадниците Хути“.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен