Во близина на Хеброн пронајдени телата на тројцата киднапирани израелски тинејџери

Од:

Израелската армија денеска во близина на селото Халхул, Западен Брег ги пронајде телата на тројцата еврејски тинејџери, кои беа киднапирани на 12 јуни во близина на Хеброн, соопштија израелските власти.

По пронаоѓањето на телата свикан е итен состанок на потесниот состав на израелската Влада задолжен за безбедноста. Голем контингент израелски безбедносни сили се распоредени во Западниот Брег меѓу палестинското село Халхул и еврејската населба Кармеи Цур, источно од Хеброн.

Тинејџерите исчезнаа додека стопирале во подрачјето на еврејската населба Гуш Ецион на пат за дома врајќаќи се од настава во верско училиште.

По киднапирањето израелската армија покрена голема операција за пронаоѓање на тинејџерите.

Израел за киднапирањето го обвини Хамас, а уапсени се повеќе од 400 Палестинци, пред се активисти на Хамас.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски