Бегалскиот центар за сместување на бегалци хомосексуалци кој ќе биде отворен утре се наоѓа во источниот дел на Берлин и во неговите 29 апартмани ќе бидат сместени 122 бегалци, геј, лезбејки и транссексуалци, јави дописникот на МИА од Берлин.
Претставник на организацијата „Schvuleberatung“, Марсел Де Грут вели центарот е отворен затоа што многу од бегалците доаѓаат од земји каде што сексуалната ориентација се смета за криминал и кога ќе дојдат во Германија повторно се соочуваат со психичко или физичко насилство.
Првиот центар за сместување на бегалци хомосексуалци беше отворен на 1. февруари во Нирнберг.