Во Берлин протести против Доналд Трамп

Од:

Активисти на организацијата „Аваз“ денеска во Берлин организираа протести против политиката на кандидатот за претседател на САД од редовите на Републиканската партија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Пред протестот, активистите на Аваз пред Брандербуршката порта изградија реплика на Берлинскиот ѕид кој што го уништија со што испратија порака до американските гласачи да гласаат против Трамп ако не сакаат нови ѕидови на поделба во светот.

Едeн од организаторите на протестот, кој беше уредно пријавен до германските власти, Мередит Александер ги повика сите Американци што живеат надвор од САД да гласаат против Трамп.

Од вкупно осум милиони Американци во странство со право на глас на последните избори за претседател на САД гласале само еден милион или 12 отсто.

Би можело да ве интересира

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Демонстрации во Берлин против екстремната десница, се собраа околу 160.000 луѓе

А1он

Таен дипломатски извештај содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин