Германската полиција уапси Сириец, кој е осомничен за членство во исламистичкиот Фронт Ал Нусра и групата Исламската држава (ИД) во Сирија.
Сириецот се товари дека регрутирал бегалци од камповите во Грција за терористички ќелии во Европа.
Според Федералното јавно обвинителство, 31-годишниот државјанин на Сирија, Зохер Ј., е уапсен изутринава во покраината Баварија и не е поврзан со вчерашниот напад врз автобусот на фудбалскиот тим Борусија Дортмунд.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, приведениот, заедно со уште еден исламски екстремист предходно уапсен во Германија, основал единица на Фронтот Ал Нусра во 2011 година. Подоцна единицата била распуштена, а Зохер Ј. се придружил на ИД, каде што работел за нејзината „тајна служба“.
За потребите на својата мисија, според Обвиннителството, Сириецот неколку пати патувал од Германија кон Грција и назад.