Два дрона утрово со експлозив се соборени пред да ги нападнат трупите на антиекстремистичката меѓународна коалиција предводена од САД во Багдад.
– Цел на двата вооружени дрона беше аеродромот во Багдад, каде се наоѓа воената база на мал број трупи на коалицијата, изјави неименуван извор.
Нападот се случи на втората годишнина од смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани и неговиот соработник од Ирак. Тие беа убиени при американски напад со дрон на аеродромот во Багдад.