Во Багдад падна снег по 12 години

Од:

Жителите на ирачкиот главен град Багдад денеска се разбудија со поглед што го немаат видено над една деценија, бидејќи нивниот град беше покриен со снег.

Ова е еден од ретките моменти во кои Ирачаните уживаа во фотографирање со снегот, а децата си играле во парковите покриени со снег.

Во последните неколку месеци Ирак се соочи со многу немири, масовни протести од октомври во кои повеќе од 500 луѓе загинаа, убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американскиот напад што се случи на почетокот на јануари од кога тензиите меѓу САД и Иран се повеќе растат.

На градскиот плоштад Тахрир, епицентарот на протестните движења, демонстрантите за момент застанаа пред своите шатори за да уживаат во снежните врнежи.

Последен пат во Багдад снег паѓал во 2008 година.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак