Во автобуска несреќа во Колумбија загинаа 11-мина, вклучувајќи и четири деца

Од:

Единаесет лица загинаа, меѓу кои четири деца, а 31 се повредени кога автобус во раните утрински часови со полна брзина, удрил во рид во западна Колумбија, соопшти полицијата.

Меѓу најмладите жртви на несреќата е дете на возраст од една година, соопшти официјално лице на локалниот Црвен крст, без да ги наведе годините на другите жртви.

Автобусот на компанијата “Араука” се движел од Квибда кон главниот град Богота, оддалечена 800 километри, а возачот зад воланот поминал 12 часа.

Полицијата се сомнева дека возачот, кој е повреден во несреќата, бил поспан, пренесе АФП.

Во областа позната по острите кривини, автобусот удрил во еден рид, очигледно во брзина, наведоа официјални лица.

Минатиот месец, 27 патници загинаа, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и се преврте во Кундинамарк во централниот дел на Колумбија.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он