Во автобуска несреќа во емиратите погинаа 22 мигранти

Од:

Најмалку 22 работници мигранти загинаа, а 24 се повредени, кога камион натоварен со чакал, со неисправни сопирачки, се судри со автобус во Обединетите Арапски Емирати, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во близина на местото Ал Аин, околу 150 километри источно од Абу Даби, каде, според шефот на локалната полиција, камионот, откако му се расипале сопирачките, изгубил контрола и удрил во автобус.

Националноста на загинатите работници мигранти не е објавена, но, како што наведува агенцијата АП, во Обединетите Арапски Емирати, присутен е огромен број на работници од јужноазиските земји и други држави од персискиот Залив.

Работниците обично патуваат со автобуси од камповите каде што се сместени до работните места.

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Две сообраќајки во Автокоманда, оштетени се пет возила

Горан Наумовски

Во близина на Битола, „поло“ излета од патот, тешко повреден е возачот

Македонски камионџија се судри со автомобил во Албанија, има жртви

Предраг Петровиќ