Австриската полиција уапсила петчлена група екстремисти, а меѓу нив и еден Албанец од Македонија.
Уапсената група, просторијата одредена за молитва во болницата во Ст.Полтен, ја злоупотребувала за ширење на радикализмот и регрутирање борци на ИД.
– Група составена од млади исламисти, трипати во неделата се собирале во болницата за да ја рекламираат ИД и да регрутираат други лица за џихад во Сирија, се наведува во обвинението против лицата уапсени во болничкиот двор.
По анонимна дојава полицијата ја следела групата од почетокот на годинава. Меѓу уапсените се Емануел М.(19) од Ст.Полтен, чија мајка исто така била осомничена, чеченецот Имам А.(17), како и Албанецот од Македонија Арѓент Г.(18).
Групата „Ансал“ тесно соработувала со организацијата „Худа“ која во Германија регрутирала борци за ИД.
При извршен претрес во нивните домови запленети се компјутери, мобилни телефони, документи и многу книги.