Иако балканската рута официјално е затворена, таа очевидно не е без „дупки“, бидејќи во Австрија секојдневно по 72 мигранта поднесуваат барања за азил.
Според официјалните податоци, до крајот на овој месец се регистрирани 6.500 барања за азил, што значи дека дневно се поднесуваат, просечно по 72 апликации.
Уапсени се вкупно околу 7.500 илегални мигранти. Половина од нив, според пишувањето на виенскиот весник „Кронен цајтунг“, во Австрија пристигнуваат преку Средоземното Море, односно балканската рута, а другата половина од Италија.
Поради зголемување на температурите, австриските власти очекуваат раст на бројот на баратели на азил.