Во Австрија приведени тројца турски државјани осомничени за шпионажа

Од:

Тројца турски државјани се приведени во Австрија под сомнение дека шпионирале австриски жители со турско потекло за турската разузнавачка служба МИТ, соопшти денеска Австриската канцеларија за заштита на државниот поредок и борба против тероризмот.

„При претрес на становите на осомничените пронајдена е поголема количина носачи на податоци, мобилни телефони и гасни пиштоли, а во апсењето учествувале и припадници на специјалната единица Кобра“, соопшти Управата за заштита на уставниот поредок.

Во соопштението се наведува дека ова е „познат метод“ за собирање податоци за противниците на власта и опозициските активисти кои живеат во странство. Истрагата започна во февруари годинава.

Пред тоа австриските медиуми објавија дека приведените шпиони работеле против членови на т.н. Движење Ѓулен кои живеат во Австрија и испраќале информации до Анкара за нивните активности.

Во соопштението се наведува дека лицата кои ги следеле шпионите се турски државјани и австриски државјани со турско потекло.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Русија: Шест британски дипломати обвинети за шпионажа

Хрватскиот шпион кој беше уапсен во Белград „заработи“ 30 дена притвор

Горан Наумовски

Разбиена шпионската мрежа во Србија

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа